Пејачот Димитар Андоновски денес стана татко по втор пат. Убавата вест битолчанецот ја објави на социјалните мрежи и откри дека бебето ќе се вика Гаврил.
- Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син. Добре дојде сине Гаврил, да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот, напиша Димитар.
Инаку, тој и неговата сопруга Христина веќе го имаат синот Михаил кој пред некој месец на мала забава со кршење на колач-изненадување всушност и откри дека ќе добие братче.
Нека е жив и здрав Гаврил! Чекаме мекици!