Неодамнешната листа на најмоќни жени на годината, објавена од Форбс, дополнително ја поттикна дебатата. Имено, Бијонсе на листата се појавува под нејзиното моминско презиме Бијонсе Ноулс, наместо вообичаената Бијонсе Ноулс-Картер.
Промената предизвика шпекулации на социјалните мрежи за можни проблеми во нивниот 16-годишен брак, додека јавноста ги очекува официјалните реакции на парот.
Да потсетиме дека Џеј Зи неодамна беше обвинет за силување на 13-годишно девојче. Наводно, во тоа учествувал и уапсениот рапер Диди, а во тужбата стои дека во собата во тој момент била и „многу позната женска личност“.
Анонимна жена тврди дека раперите ја силувале по доделувањето на музичките награди на MTV. Џеј Зи, чие вистинско име е Шон Кори Картер, тоа го негира преку своите адвокати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата