logo
logo
logo

Се разведуваат, а нејзината објава на Инстаграм ги збунила сите обожаватели

Vecer | 09.06.2021

Се разведуваат, а нејзината објава на Инстаграм ги збунила сите обожаватели

Ким Кардашијан на Инстаграм сподели објава која ја посвети на раперот и нејзин сопруг Каније Вест од кого се разведува, со која ги збуни нејзините обожаватели.

"Среќен ти роденден. Ќе те сакам цел живот", напиша ријалити ѕвездата под заедничката фотографија со Канје и нивните деца. Јавноста беше изненадена од нејзината честитка до раперот за 44-от роденден.

Патем, парот се венча во 2014 година и ги има ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сеинт (5) и Псалм (1). Кардашијан поднесе барање за развод во средината на февруари, по што остана со децата во Лос Анџелес, додека Вест живее на неговиот ранч во Вајоминг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk