Пејачката Аријана Гранде се омажи за агентот со недвижнини Далтон Гомез.

“Венчавката беше мала и интимна, имаше помалку од 20 луѓе. Двојката и нивните семејства не можеа да бидат посреќни”, изјави за „Пипл” портпаролот на Аријана.

Аријана, 27 и Далтон, две години помлада, започнаа врска во јануари и се верија во декември минатата година по карантинот што го поминаа заедно во Њујорк. Тој потоа се врати во Лос Анџелес на работа, а Аријана отиде со него. “Таа купи куќа таму во јуни и никогаш не зажали за тоа. Тие се неверојатно среќни”, изјавил тогаш извор близок до парот.

Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографии со вереничкиот прстен кон крајот на минатата година. „Засекогаш, па дури и малку подолго“, напиша таа тогаш во објава покрај фотографиите.