logo
logo
logo

Се огласил Лечиќ за ЖЕШКИТЕ СЦЕНИ на Даниела на сајтот за возрасни: Го коментирал филмот за кој бруи Србија

Vecer | 27.03.2021

Се огласил Лечиќ за ЖЕШКИТЕ СЦЕНИ на Даниела на сајтот за возрасни: Го коментирал филмот за кој бруи Србија

Твитерџија го прашал дали жена која е силувана може да биде способна после неполни три години да сними филм како што е "Cash Only"

Обвинувањата на Даниела Штајнфелд дека колегата Бранислав Лечиќ  ја силувал со денови ја потресува јавната сцена во Србија, а спрема последните информации Бранислав Лечиќ на сослушување во полиција бил дури повеќе од седум часа и како што тој вели поминал на полиграфот.

Тој се огласил на социјалните мрежи со видео обраќање во кое ја известил јавноста за детали од сослушувањето, а во коментарите на тоа видео обраќање од еден Твитерџија поставено му е едно прашање за филмот “Cash Only” во кој глумела Даниела Штајнфелд, а инсерти од него во кои се гледа сцена на секс со Штајнфелд со еден од главните глумци,  завршиле на порно-сајтот AZ Nude.

Имено Твитерџијата го прашал дали жена која е силувана може да биде способна после неполни три години да сними филм како што е “Cash Only”, на што глумецот одговорил:

- Со доказите, во полиција е...

Да потсетиме, српската глумица 2015. година играла во американско-албански трилер “Cash Only” во режија на Малика Бадера, а поради споменатите сцени на секс со Штајфелд, филмот привлекол големо внимание после обвинувањата на глумицата за силување.

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk