logo
logo
logo

Се огласи КАРЛО БОС, македонскиот по*но актер: Од Куманово ќе направам Лас Вегас, ама на следните избори

Vecer | 27.09.2021

Се огласи КАРЛО БОС, македонскиот по*но актер: Од Куманово ќе направам Лас Вегас, ама на следните избори

Единствениот македонски порно актер, кумановецот Гоце Гиновски или Карло Бос, како што го знаат во светот на филмовите за возрасни, кој своевремено палеше и жареше низ Италија, вели дека годинава не се кандидирал за градоначалник, ама на следните избори дефинитивно планира да го направи тоа. Открива дека има големи планови за родниот град и дека ќе направи чуда за кои ќе чуе светот.

- Оваа кандидатура му ја препуштам на мојот другар Тони Михајловски, ама на следните избори одам и од Куманово ќе направам Лас Вегас, вели Гиновски.

Во јавноста го нема, ама, вели, тоа ништо не значи и тој постојано е во акција.

- Јас никогаш не сум во мирување, секогаш сум во акција, ама сега тајно, како таен агент сум ха, ха, ха... Ќе се снима еден филм за цел Балкан и Италија со наслов „Како до професионалец“ и во филмот се убаво ќе си биде објаснето, што треба, а што не. Сите трикови на порнографијата, темните и светлите страни, вели Гиновски и додава дека уште не е пензионер.

- Ми недостасуваат уште 7 години до пензија ха, ха, ха... Сега сум само набљудувач и не сум само симпатизер, туку и поддржувач на Тони не зашто ми е другар, туку затоа што е ШАМПИОН!, додава Гиновски.

Карло среќно на следните избори и кога може сите да ветуваат зошто не и ти, па и не би било лошо Куманово да стане македонски Лас Вегас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk