logo
logo
logo

Се огласи бившата на ХАРИ МАТА ХАРИ: Од првиот ден знаеше за синот

Vecer | 24.09.2022

Се огласи бившата на ХАРИ МАТА ХАРИ: Од првиот ден знаеше за синот

Деновиве во медиумите во соседството се појави информацијата дека Хари Варешановиќ или Хари Мата Хари своевремено имал љубовница, со која добил син закого наводно дознал многу подоцна. Но очигледно вистината е поинаква, затоа што конечно во јавноста реши да се огласи поранешната емотивна партнерка на пејачот, која сакала да остане анонимна за пошироката јавност.

- Речиси три децении не се огласував и не реагирав на невистинитите тврдења кои со години се повторуваат во медиумите низ регионот, длабоко почитувајќи го Хари Варешановиќ како човек, татко на мојот син, и неговата професионална кариера. На тој чекор се решив во 2019 година со јавно појавување во медиумите за конечно да ставам крај на невистините натписи дека Хари долго време не знаел за својот син Мак и дека тоа е една од причините за развод со поранешната сопруга, бидејќи тоа му штети на угледот на нашето семејство и предизвикува душевна болка кај неговиот син Мак, како и тоа што не сме јавни личности и не сакаме да бидеме спомнати во контекст на професионалната кариера на Хари Варешановиќ. Хари знае за својот син уште од првиот ден, а со тогашната сопруга доби син две години по раѓањето на Мак, така што не наоѓам никаква логика дека тоа би можело да биде причина за распадот на нивниот брак, рекла поранешната на пејачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk