logo
logo
logo

Се одржаа "Brit Awards" во лондонската „О2“ арена, маски не беа потребни, а ова се дибитниците на наградите

Vecer | 12.05.2021

Се одржаа "Brit Awards" во лондонската „О2“ арена, маски не беа потребни, а ова се дибитниците на наградите

Синоќа се одржа 41-то доделување на Британските музички награди ("Brit Awards"), на настанот немаше потреба да се носат маски и да се внимава на физичкото растојание.

Присутните мораа да покажат негативен тест за ковид-19 при влегувањето и се обврзани повторно да се тестираат по овој настан. Музичкиот настан е дел од пилот-програмата на британската влада која анализира дали може безбедно да се организираат големи настани со публика за време на пандемијата на коронавирусите.

Дуа Липа ја доби наградата за најдобар британски изведувач и наградата за најдобар албум за албумот „Future Nostalgia“.

Американската пејачка и текстописецТејлор Свифт е првата жена што ја освои наградата „Global Icon“. Пред неа оваа награда ја добија Дејвид Боуви, Елтон Џон и Роби Вилијамс.

„Јас сум навистина горда што сум дел од оваа музичка заедница, особено во годината кога на сите толку многу ни требаше музика“, рече Свифт, која присуствуваше на доделувањето на наградите во Лондон и им оддаде почит на работниците од првата линија во борбата против ковид-19.

Наградата за најдобар британски изведувач му припадна на раперот Џеј Хас, а групата „Little Mix“ ја доби наградата за најдобра британска група. Тие воедно се и првата женска група што ја освои оваа награда.

Најдобар нов британски изведувач е Арло Паркс, додека најдобар британски сингл е „Watermelon Sugar“ на Хари Стајлс.

Били Ејлиш и „The Weeknd“ добија награди за најдобри интернационални изведувачи, а „Haim“ за најдобра меѓународна група.

„Вечерва се радуваме надевајќи се на посветла иднина… Имаме публика… имаме поп-ѕвезди, се вративме“, рече водителот Џек Вајтхол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk