logo
logo
logo

Саша Поповиќ ИСКЕШИРА 200.000 Евра за два автомобила

Vecer | 24.07.2021

Саша Поповиќ ИСКЕШИРА 200.000 Евра за два автомобила

Долги години, Саша Поповиќ беше посветен на „Гранд“, па, очигледно, по пензионирањето, тој реши, меѓу другото, убаво да се почасти. Од парите што ги добил од продажбата, а наводно се близу 15 милиони евра, поранешниот косопственик на компанијата наводно купил два електрични автомобили од марката БМВ, чија вкупна вредност е 200.000 долари, пишува „Курир“.

Наводно, тој се одлучил на овој потег затоа што често патувал во Опатија, па во иднина ќе му биде многу поевтино да вози на електрична енергија отколку да троши пари на гориво.

Пред неколку години, Саша стана сопственик на стан во Опатија. Оди таму многу често кога тоа го дозволуваат неговите обврски околу „Звезда Гранда“, а бидејќи летното одморалиште е оддалечено од Белград на околу 560 километри, секој пат му треба огромна количина гориво. Од таа причина, не е изненадувачки што тој најде начин и ги „скрати своите маки“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk