logo
logo
logo

Саша Матиќ се разведува од жената поради учесничка во музичко шоу

Vecer | 28.04.2021

Саша Матиќ се разведува од жената поради учесничка во музичко шоу

Кога ќе имаме прилика да го дознаеме датумот на нивната венчавка и како целата оваа љубовна приказна ќе се одрази на ќерките Тара и Александра, но и на се уште официјалната сопруга Анѓелија, останува да се види.

Бившата жена на геј иконата Мирко Гавриќ, Драгана Ракчевиќ, ќе се мажи за Саша Матиќ. Како што дознава hypetv.rs од извори блиски на новопечениот пар, Матиќ се вљубил до уши и толку многу е среќен што заборавил и на родените деца. Поради бивша љубовница, а идна сопруга, Матиќ своето време повеќе не го посветува на семејството, туку е целосно свртен кон Драгана.

Извор близок на Матиќ вели дека Саша не престанува да се допишува со Драгана, а вљубениот пар го користат секој момент да бидат заедно. Иако неодамна се развела од сопругот Мирко, оваа Пинкова ѕвезда не сакала да го коментира крахот на својот брак и се држела настрана, додека во приватните кругови и тогаш била често гледана во друштво на Матиќ, тврди Hype.

Иако долгодишниот брак помеѓу Саша и Аѓелија Матиќ се смета за еден од настабилни на естрадата и трае полни 18 години, животот сепак раскажува свои драми и докажува дека не е злато се што сјаје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk