Водителот на утринската програма на Пинк ТВ Предраг Сарапа има посебна причина за славење. Имено, тој по втор пат го кажа судбоносното „ДА“ на својата долгогодишна љубов Лада.
- Да, се оженив по втор пат со мојата љубов. Пресреќен сум, еве славиме. Се одлучивме за најинтимната варијанта, тука сме со кумовите, а на Свети Никола ќе приредиме голема прослава. Многу ми е жал што не присуствувам на најдобрата забава на светот што ја прави мојата компанија Пинк Телевизија, но овојпат е оправдано – изјави Сарапа за Пинк.