logo
logo
logo

САМО ХЕРОИН НЕ ПРОБАВ! Ѓорѓе Давид прозборел за загубата на татко му и пороците

Vecer | 20.11.2021

САМО ХЕРОИН НЕ ПРОБАВ! Ѓорѓе Давид прозборел за загубата на татко му и пороците

Иако имал можност да создаде светска кариера, сепак решил да се врати во Србија. Во еден момент, признава, дека отишол “под мраз“, но кога ги видел “пријателите како си заминуваат“ – решил да сврти нов лист и да најде излез. Ѓорѓе Дејвид си ја отворил душата и зборувал за растењето во новобелградските блокови.

Неговиот покоен татко, бил одличен пример и идол за тоа како треба да изгледа и звучи еден човек.

- Кога ќе загубиш идол на неполни 14, се чувствуваш целосно изгубен, несигурен, како да не си свој и бараш засолниште. Отидов “под мраз“ во одреден период... еднствено не пробав хероин. Тоа интензивно траеше една година. Откако ги видов моите пријатели како заминуваат, решив да најдам излез. Многумина од нив ги испратив на другиот свет, беа таму деца на многу познати личности, претседатели и секоја смрт предизвикуваше болка која ми потврдуваше дека сум на вистинскиот пат да започнам нов живот - започнал Ѓорѓе, а потоа објасни зошто на крај ја одбрал Србија, иако имал можност да гради и светска кариера во Америка.

Срце ме влечеше дома!

- Бев во Америка кога дознав кога ќе се случи бомбардирањето на Србија, уште пред да излезе веста во медиумите. Воден од тоа што моите пријатели беа тука, дека мајка ми во тоа време веќе беше болна, сестра ми, гробот на татко ми, се вратив во Србија, иако во Лос Анџелес ми рекоа дека сум луд и дека вратите ми се отворени за светска кариера. Но, не вредеше, срцето ме влечеше во Србија, не можев да си дозволам да не бидам со мајка ми, сестра ми и пријателите - изјавил рокерот.

“Гранд ѕвезди“

Од друга страна, тој многу пати истакнал дека Саша Поповиќ му го променил животот со тоа што го повикал да учествува во „Ѕвезде Гранда“.

Денес повеќе време поминува со членовите на жирито отколку со кој било друг, а во оваа прилика откри кој е најпаметен, а кој најподмачкан во тимот.

- Марија е нај подмачкана. Станува збор за гуштер кој плива во сите води. Тоа е памет, верувам дека таму каде што има емоции, нема памет. Јас сум човек кој често одев со срце и тоа ме чинеше, но сега учам од Марија во најпозитивна смисла. Но, да расчистиме, таа не е по подмачкана од Поповиќ. Не познавам човек кој е по подмачкан од него, тој е навистина мамут, има 67 години и неговиот мозок се уште работи на неверојатен начин – рекол меѓу другото Ѓорѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk