Вака звучат на македонски (видео)

Сале Тропико порачува: „Другари се гледаме“

Во пресрет на најавениот концерт на еден од најдобрите и најпопуларни бендови од соседството Тропико бенд, фронтменот Сале реши да ја поздрави македонската публика на македонски јазик. Слушнете како звучи кога Сале им закажува средба на своите македонски другари

Концертот е закажан на 28 април во ВИП Арена „Борис Трајковски", и истиот се најавува како вистинско аудиовизуелно освежување - што кога е во прашање Тропико бенд и не е изненадување.


Организаторот Скај мјузик најавува околу тричасовна одлична музичка дружба со бендот, кој патем подготвува неколку изненадувања за македонската публика. Од вчера и официјално во продажба се пуштени и ВИП влезниците, односно пакет-влезниците кои може да се набават преку мрежата на Купикартизасе и во Југотон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари