logo
logo
logo

Видео

Сале СРВ стокми корона песна - ОВА Е „П(Л)АНДЕМИЈА“

Vecer | 12.05.2021

Сале СРВ стокми корона песна - ОВА Е „П(Л)АНДЕМИЈА“

Корона пандемијата го закочи светот речиси една и пол година, менувајќи ги нашите секојдневни навики и правила на животот. Новото „ненормално“ стана „нормално“, а во сиот тој хаос на борба со невидливиот непријател кој зацрни многу човечки судбини, меѓу најпогодените еснафи беше оној, музичкиот. Или поточно естрадата, која ниту до ден денес не може да се опорави, да тргне од „лер“ , а камо ли да почне сериозно да работи и да се врати на своите стари позиции.

Но во сиот тој метеж со чумата на 21-от век,  некои естрадни уметници Ковид-19 го искористија како инспирација за кретаивно творештво. Преработки, кавери  на познати стари странски и домашни хитови со нови стихови или сосема нови и оригинални музички теми, сеедно, се дел од новото творештво на старите мајстори во „новото нормално“. Кога веќе не може да се свири и настапува, тогаш барем може да се компонира и снима.

Еден од оние на кои корона пандемијата им ја поттикна инспирацијата е и македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ. По последните авторски песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, Сале има нова авторска песна, инспирирана токму од актуелната светска корона криза, насловена како „Пландемија“.

Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Сале Андриески, додека аранжманот го изработил Драган Ристовски – Д.Р.Д. медиа,  во чие студио ипродукција е снимена и песната.

Интересно е што сале како човек кој работи и соработува со големите музички имиња од регионот, по дуетот со Бора – Чорба, соработката со Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ и Ален Исламовиќ, и на оваа песна има познат специјален гостин, кој овој пат ги отсвирел гитарските соло делници во песната, а во прашање е некогашниот гитарист на „Амадеус бенд“, Милан Кордулуп.

Песната исто така има две верзии – на македонски и српски јазик. Македонската верзија  е веќе промовирана, додека српската ќе биде пуштена во етерот ден подоцна, односно вечерва.

За обете е снимено и промотивно видео во студиото на Д.Р.Д. медиа, кое го изработил Драган Ристовски, а истото можете да го погледнете во продолжени, заедно со музичката приказна на Сале СРВ и неговата „Пландемија“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=9tTGuKQ6Myg[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk