logo
logo
logo

“САКАВ ДА СЕ ОБЕСАМ“! Лепа Лукиќ со шокантна исповед открила дека за малку ќе КРЕНЕЛА РАКА НА СЕБЕ, еве зошто!

Vecer | 17.11.2021

“САКАВ ДА СЕ ОБЕСАМ“! Лепа Лукиќ со шокантна исповед открила дека за малку ќе КРЕНЕЛА РАКА НА СЕБЕ, еве зошто!

Ова никој не го знаел

Лепа Лукиќ многу често знае да открива пикантерии од нејзиниот живот, овој пат таа откри љубовни детали кои досега не ги кажала во јавнос.

Имено, кралицата на народната музика открила дека на 16 години сакала да се самоубие поради забранета љубов, се со цел да ја заплаши мајка си.

“На 16 години бев смртно вљубена во еден дечко и сакав да се убијам поради него, да се обесам во штала. Ја плашев мајка ми, ако не ми дозволи да го видам, ќе скокнев во Морава, но всушност ја лажев“- рекла Лепа и па открила дека после неколку години, кога станала позната, повторно го сретнала момчето и опишала како изгледал.

“Тој живеел во Сремска Митровица, а јас имав концертот таму. Кога излегов и го видов во првиот ред, само што не се скаменив. Тој дошол мене да ме види и да ме поздрави, а мене нозете ми се отсекоа, не беа мои (се смее), но помина и тоа... Тоа беше во младоста, а јас веќе имав 30 години кога го сретнав. Помина, но никогаш повеќе не би се сретнала со него“ - рекла Лепа во една емисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk