Иако филмскиот фестивал во Кан одамна помина, сепак многу се зборува за комбинациите на облека, но и за појавувањата на поединечни ѕвезди. Така, на ред дојде актерката Енди Мекдауел.

На последниот ден од филмскиот фестивал, на премиерата на филмот „Стариот даб“, актерката носеше елегантен црн фустан, кој одлично го усогласи со темна шминка. Сепак, вниманието на јавноста го привлече нејзината седа коса, односно природниот изглед на кој таа целосно се препушти пред неколку години.

Во една прилика и самата актерка јавно и отворено проговори за својот избор да не ја бојадисува косата, бидејќи, како што еднаш кажа, тоа го опишува нејзиниот период од животот.

„Исцрпувачки е да се одржува илузијата на младоста. Чувствував дека транзицијата одговара на мојата личност и на тоа која сум јас“, изјави еднаш Енди за Vogue.

А во неодамнешниот разговор со новинарката Кети Курик, таа накратко рече дека сака да биде стара.

„Се смеам кога некој ќе каже дека изгледам постара. Да бидам млада. Не сакам да бидам млада. Бев млада. И да бидам постар човек кој се обидува да биде млад, каков напор е тоа. Тоа е многу труд. Едноставно не можам да продолжам со тоа. .. не можам!“