С.А.Р.С. – главна ѕвезда на фестивалот „Битола отворен град“

Оваа година главна ѕвезда на големата сцена на плоштадот Гоце Делчев во рамките на фестивалот „Битола отворен град 2018“ е култниот белградски алтернативен рок-бенд С.А.Р.С. На големиот музички концерт ќе настапат и бендовите The Prodigy live tribute band од Белград и Funk Shui од Скопје.

Групите ќе настапат в четврток на 28 јуни, со почеток во 21 часот, на плоштадот Гоце Делчев во Битола во рамките на фестивалот во организација на Младинскиот културен центар – Битола.

„Свеже ампутирана рука сатријанија“ или скратено С.А.Р.С. е српска алтернативна рок-група од Белград основана во 2006 и од тогаш до денес има издадено 9 албуми, многу успешни турнеи и популарни песни. Музиката е комбинација од поп, рок, реге, хип-хоп и блуз, со елементи од традиционалната српска народна музика.

Сите настани на фестивалот „Битола отворен град“ ќе се одвиваат на отворено и без влезници.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари