logo
logo
logo

Ролинг Стоун го прогласи најплатениот музичар за 2021.

Vecer | 17.01.2022

Ролинг Стоун го прогласи најплатениот музичар за 2021.

Најголем дел од тоа го заработил со продажба на мастерите на своите песни и издавачките права во декември минатата година.

Договорот на музичарот со Sony Music е проценет на 550 милиони долари и воедно ја означи најголемата продажба што еден музичар некогаш ја направил за својата дискографија. Сони стана сопственик на 20-те албуми на Спрингстин, вклучувајќи ги класиците како Born to Run, The River и Born in the USA. Овој договор со Спрингстин е сличен на оние што ги направија Боб Дилан, Блонди и Дејвид Боуви.

Прво беше објавено дека музичарот добил 500 милиони долари од продажбата, но поранешниот уредник на Форбс, Зек О’Мали Гринбург, тврди дека неговата бројка од 550 милиони долари била генерирана со „пребарување јавни документи и интервјуирање поединци со директно познавање на големиот бизнис“.

Повеќето од преостанатите 40 милиони долари заработени од Спрингстин во 2021 година се однесуваат на неговото враќање на Бродвеј минатото лето, каде што имаше 26 настапи и два заеднички проекти со Барак Обама.

Вториот најплатен музичар во 2021 година е Џеј Зи. Поголемиот дел од неговата заработка од 470 милиони долари доаѓа од продажбата на сопствениот удел од 302 милиони долари во Tidal (услуга за стриминг што првично ја купил за 56 милиони долари) на ко-основачот на Twitter, Џек Дорси.

На третото место се најде Пол Сајмон, а потоа следуваат Канје Вест, Рајан Тедер, Ред Хот Чили Пеперс, Линдзи Бакингем, Мотли Кру, Блејк Шелтон и Тејлор Свифт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk