logo
logo
logo

Роби Вилијамс се пожали: Два третмана против ќелавост ме чинеа колку куќата на баба ми (ВИДЕО)

Vecer | 05.08.2022

Роби Вилијамс се пожали: Два третмана против ќелавост ме чинеа колку куќата на баба ми (ВИДЕО)

„Никој нема да ми ја пресади косата затоа што косата ми е премногу тенка“, изјави пејачот.

"Не можам да пијам никакви апчиња бидејќи ме прават депресивен. Само ќе морам да прифатам дека на Роби Вилијамс му паѓа косата. Таа станува се поретка и потенка", додал тој.

Вилијамс бил подложен на успешна трансплантација на коса во 2013 година, но неговата коса почнала да се слабее пред две години. Потоа почнал да се лекува со скапи инјекции со фоликули на коса. Овие инјекции треба да го стимулираат растот на косата, но во неговиот случај не го дале посакуваниот резултат.

"Тоа ме чинеше цело богатство, две мали инјекции. Чинеа колку куќата на баба ми", рече Вилијамс. Тој признава дека му било кажано дека тоа ќе му ја зајакне косата, но во изминатите седум месеци не забележал никаква разлика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk