logo
logo
logo

Видео

РОБЕРТ има ХИТ во најава!

Vecer | 10.05.2021

РОБЕРТ има ХИТ во најава!

„Мугри без нас, слика без глас, чудно е, ти си дел од мене, а пак си празнина...“, се дел од стиховите од новиот музички рефрен на Роберт Билбилов кој го носи името „Нигде не те наоѓам“. После мала пауза, вчера на својот роденден, Билбилов го промовираше видеото заедно со темата на својот Јутјуб канал.

Текстот за „Нигде не те наоѓам“ го потпишува Робин Зимбаков, додека, пак, музиката и аранжманот се на самиот Роберт.

„Пандемијата со коронавирус ја искористив на некој начин продуктивно, минував доста време во студио , па така и се роди „Нигде не те наоѓам“, рефрен на кој внимателно работев и за кој сум сигурен дека ќе наиде на позитивни реакции и критики од страна на публиката. Премиерата се случи вчера, на мојот роденден и е подарок од мене за сите вас, сакав некако да го одбележам на ваков начин и искрено се надевам дека „Нигде не те наоѓам“ ќе се најде на вашата плеј музичка листа ова лето“, порача Билбилов.

Кадрите за видеото се снимени на неколки локации, а зад режисерската палка стои „Motion Emotion Film Production“. Во продолжение слушнете ја „Нигде не те наоѓам“ и доколку ви се допаѓа споделете ја на вашите профили на социјалните мрежи и поддржете ја македонската музика!

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=C7pVkkTkMRk[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk