logo
logo
logo

Рики Мартин на суд - ДОЛЖИ МИЛИОНИ!

Vecer | 02.07.2022

Рики Мартин на суд - ДОЛЖИ МИЛИОНИ!

Ребека Дракер, поранешната менаџерка на Рики Мартин, тврди дека пејачот и должи нешто повеќе од 1 милион долари, поради што ја поднела тужбата.

Во правните документи таа навела дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година, а тој повторно ја вработил по две години, кога неговиот „личен и професионален живот биле во тотален хаос“. Ребека тврди дека таа е одговорна за враќање на неговиот живот и кариера на вистинскиот пат.

 

Riki Martin

 

Наведува дека се занимавала со договорите за снимање, турнеи и спонзорски договори на пејачот и му помогнала да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја со Енрике Иглесијас.

Додава дека во 2020 година ангажирала адвокати кои му помогнале кога му се заканувал прекин на кариерата, а за нејзините напори, тврди таа, требало да добие провизија од три милиони долари, која Мартин никогаш не и ја дал. Таа наведува дека пејачот ја лажел и манипулирал со неа.

Друкерова сега го тужи пејачот за три милиони долари и бара правна отштета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk