logo
logo
logo

Режисерот кого Алек Болдвин го застрела на снимањето ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА

Vecer | 22.10.2021

Режисерот кого Алек Болдвин го застрела на снимањето ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА

Џоел Соуза (48), режисерот кој Алек Болдвин (63) го рани на снимањето на филмот „Rust“, ​​е пуштен од болница, пишува  Mirror.

Водителката Кејт Гаравеј во емисијата „Добро утро Британија“ рече дека деталите за здравјето на Џоел сè уште не се познати. Единственото нешто што можеше да открие е дека сега се чувствува подобро.

Британско-американската актерка Френсис Фишер (69) на својот Твитер профил напиша дека режисерот Соуза и потврдил дека ја напуштил болницата откако поминал неколку часа таму.

Да потсетиме, актерот Алек Болдвин на снимањето на „Rust“ пукал од реквизит, филмски пиштол и ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и го ранил режисер Џоел Соуза.

Трагичната несреќа во петокот наутро го шокираше целиот свет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk