logo
logo
logo

Раста се СТОПИ! Симна 20 килограми, а еве и како

Vecer | 07.12.2022

Раста се СТОПИ! Симна 20 килограми, а еве и како

Раперот Стефан Ѓуриќ-Раста вели дека ослабел 20 килограми благодарение на готвената храна! Раперот смета дека клучот за добра линија е да јадете домашно приготвени оброци, а тоа да го правите со лажица. Некогаш тежеше 95 килограми, а сега има 75.

- Секогаш кога ми беше досадно, јадев. Сепак, изминативе неколку месеци снимав нови песни, па немав време да трчам до фрижидерот. Се трудев секогаш да јадам нешто зготвено за ручек за да ослабам. Штом се префрлив на лажица, килограмите почнаа да исчезнуваат! За кратко време ослабев дури 20 килограми, вели раперот кој признава дека обожава да ги засука ракавите во кујната.

- Сакам сам да подготвувам оброци, а кога не можам да направам, нарачувам. Ама веќе не нарачувам брза храна која дебелее, туку супи, сарма, грав... Тоа со мене го јаде и ќерка ми Тара. Ја избегнувам вечерата и се трудам да не јадам после седум часот навечер. Ако имам криза, јадам бадеми или лешници, вели и признава дека е одличен готвач!

- Можам да подготвам се, па дури и октопод на неколку начини. Кога сум со момците од тимот на турнеја, си готвиме еден за друг, затоа што сакаме да јадеме квалитетна храна. Имам среќа што сум навикнат и да вежбам. Забележав дека штом ќе ја намалам храната и ќе додадам некоја физичка активност, веднаш слабеам. Засега правам склекови и медитирам, но наскоро ќе одам во теретана и сериозно ќе работам со тренерот. Во наредниот период имам многу настапи, па ми треба кондиција. Ако сум дебел, нема да можам да се движам на сцена, вели тој, признавајќи дека се ослободил од сите пороци. Веќе не консумирал кока-кола од која бил зависен, а ниту алкохол.

Што јаде Раста?

Појадок: Овесни снегулки со вода и овошје.

Ручек: Полнети пиперки и салата.

Вечера: Омлет со зеленчук.

Совет: Ифрлете ги газираните сокови, алкохолот и шеќерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk