logo
logo
logo

Раста се отвори: Со Ана имавме ФИЛМСКА ЉУБОВ!

Vecer | 25.03.2021

Раста се отвори: Со Ана имавме ФИЛМСКА ЉУБОВ!

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста после четири месеци поминати во притвор решил да проговори и да си ја отвори душата. Освен за казната, притворот, ќерката, зборувал и за љубовта со Ана Николиќ, за која рекла дека им била филмска.

- Со Ана сме во супер односи, ние сега имаме обврска, веќе не сме во врска за да се расфрламе со емоции и нашите емоции да се во преден план, ние сега имаме страшно голема обврса и работа, а тоа е воспитувањето на детето. Во супер односи сме, имаме мал ангел заради кој мора да сме во добри односи и тоа несебично, рекол Раста во интервјуто за српските медиуми.

Признал дека кај Ана прво ја видел искреноста, а тоа е нешто што му било суштинско во ова време во кое сите се во некои улоги, каде сие се пресметани.

- Имавме неверојатно добар однос, но тој однос беше како љубов во некој филм. Тара е суштината, кога ни се случи таа ние се разделивме знаејќи дека тој филм мора да престане и дека мораме да продолжиме со нормален живот и да се бавиме со реални проблеми, а тоа е детето, додал Раста и открил дека после разводот се прават заеднички.

- Направивме спогодба при што се договоривме како ќе функционираме и така е. Имаме заедничко старателство, Тара е кај мене, кај мама. Имаме добар однос, договор, рекол Раста.

Раперот зборувал и за времето кога Ана му го изгребала автомобилот.

- Мене ми беше смешно затоа што си ја замислував сцената, како изгледа додека го прави тоа. Немаше голема штета за да не ми е смешно, доволно беше полирање, додал раперот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk