Раперот Снуп Дог го облече коцкестиот дрес и предизвика делириум кај хрватските навивачи

Хрватска стана светски хит поради нејзините фудбалери кои вчера со победата над Англија се пласираа во финалето на Светското првенство. Со историскиот успех на генерацијата предводена од феноменалниот Лука Модриќ е надминато третото место кое Хрватите го освоија во Франција во 1998 година. Овој голем спортски успех беше забележан и од една позната светска ѕвeзда.

Имено, еден од оние што го поддржа пласманот на Хрватска во финалето е и Снуп Дог, еден од најпознатите светски рапери.

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg) on

На неговиот профил на Инстаграм, тој објави фотографија каде што го носи препознатливиот коцкест хрватски дрес, што предизвика делириум меѓу хрватските навивачи кои изразија благодарност за неговата поддршка.

Финалето на Светското првенство меѓу Хрватска и Франција ќе се одигра во недела на 15 јули, со почеток во 17 часот на стадионот Лужники во Москва.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари