logo
logo
logo

Ракопис на култна песна на Дејвид Боуви е продаден на аукција за рекордна цена

Vecer | 28.09.2022

Ракопис на култна песна на Дејвид Боуви е продаден на аукција за рекордна цена

Песната за прв пат е објавена на петтиот албум на Боуви, The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars. Почетната цена на текстот напишан со сино мастило на хартија А4 беше околу 40.000 фунти. Во ракописот се прикажани промени и дополнувања направени од Боуви, како и правописни грешки кои пејачот ги поправил.

Во 2013 година, документот беше прикажан во музејот Викторија и Алберт на ретроспективна изложба посветена на пејачот, кој почина во јануари 2016 година на 69-годишна возраст. Аукциската куќа Omega Auctions објави дека текстот го продава анонимен приватен колекционер кој го набавил уште во 1980-тите.

Ракописот беше понуден на аукција како дел од продажбата на голем број предмети наречени „Дејвид Боуви и глам рок“, а фановите меѓу другото можеа да купат постери и винилни плочи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk