ВО МАЈ

RAG`N`BONE MAN во Скопје!

Една од најактуелните светски ѕвезди во моментов, еден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, Rag'n'Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената "Борис Трајковски".

Една од најактуелните светски ѕвезди во моментов, еден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, Rag'n'Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената "Борис Трајковски", на 11 мај, а концертот е во рамки на големата турнеја "Grand Reserve" која опфаќа 20 земји од Европа.

Rag'n'Bone Man неодамна го издаде својот албум првенец со наслов "Хуман", кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач на деценијата!

Хит-синглот „Хуман" кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на Јутјуб. Покрај тоа што Rage'n'Bone Man годинава се закити со две БРИТ награди, неговите турнеи во Европа и Британија се постојано распродадени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари