logo
logo
logo

"Пукна тиквата" помеѓу Шон Пен и 32-години помладата Лејла: По само една година брак, таа поднела документи за развод

Vecer | 17.10.2021

"Пукна тиквата" помеѓу Шон Пен и 32-години помладата Лејла: По само една година брак, таа поднела документи за развод

Сопругата на Шон Пен, 29-годишната актерка Лејла Џорџ поднесе документи за развод по само една година брак.

Актерката и филантроп Лејла Џорџ, чие родено име е Лејла Д’Онофрио, по само една година во официјализиран брак со актерот Шон Пен поднесе барање за развод до Врховниот суд во Лос Анџелес според официјалните судски документи.

Австралиско-американската актерка е ќерка на актерот и продуцент Винсент Д‘Онофрио и актерката Грета Скаки, а ова беше нејзин прв брак.

61-годишниот Пен и 32 години помладата актерка беа во врска од 2016 година по нивното прво јавно појавување на црвениот ќилим, а се венчаа во јули 2020 година со приватна церемонија во присуство на само неколкумина блиски луѓе.

Веста за нивната венчавка се појави најпрво во форма на гласини откако беа забележани дека носат златни прстени, а ја потврди самиот Пен со објава на неговиот инстаграм-профил месец подоцна.

„Направивме свадба во КОВИД. Беше со општински матичар на „Zoom“, и ние бевме дома со моите две деца и нејзиниот брат, и така го изведовме тоа“, изјави Пен минатата година за време на гостувањето во емисијата „Late Night with Seth Meyers“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk