logo
logo
logo

ПУКНА ТИКВАТА! Кејти Холмс раскина со дечото

Vecer | 23.06.2021

ПУКНА ТИКВАТА! Кејти Холмс раскина со дечото

По осум месеци, Кејти Холмс раскина со готвачот Емилио Витол Џуниор, потврди портпаролот на актерката.

Холивудската актерка многу време поминуваше со своето момче, а папараците постојано ги среќаваа на прошетки или додека седеа во центарот на Њујорк. Според странските медиуми, нивната врска се развивала брзо и брзо се распаднала.

Неодамна Кејти беше фотографирана како шета покрај него со сериозен лик, како да се оддалечени. Холмс и Емилио не се држеа за раце, актерката имаше темни кругови под очите, а изгледаше отечено во лицето.

Не е познато што им се случило, ниту што е причината за прекинување на осуммесечната врска.

Инаку, Емилио ја изневери својата свршеница Рејчел Емонс со холивудската убавица. Тој ја остави преку СМС порака, откако во јавноста се појавија неговите фотографии со Кејти. Рејчел тогаш изјавила дека е во шок затоа што живееле заедно и се подготвувале за венчавката.

Актерката сега е фотографирана неколку пати по ред со полни раце торби, а пред неколку дена беше уловена како оди на вечера со нејзиниот татко Мартин. Тој трпеливо чекаше до крајот на неговиот автомобил пред нејзината зграда во Њујорк, а таа се појави по десетина минути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk