Пукано кон вила во која биле раперите Канје Вест и Текаши69

Американските медиуми објавија дека најмалку осум куршуми биле испукани во насока на вила во која се наоѓале музичарите Канје Вест и Текаши69.

Се тврди дека инцидентот се случил во вила на Беверли Хилс, која била изнајмена за потребите на снимање на музички спото.

Медиумите објавија дека и пејачката Ники Минаж, најверојатно била во вилата.

Исто така полицијата додава дека во инцидентот нема повредени, но се открило дека еден куршум минал низ прозорецот на една од спалните соби.

Медиумите објавија дека Текаши69, една од ѕвездите на новиот бран во рап музиката, бил мета на напад и за време на снимање на спот со 50 сент во септември годинава.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари