logo
logo
logo

Психоделичното "порше" на Џенис Џоплин на лицитација

Vecer | 17.09.2015

Психоделичното "порше" на Џенис Џоплин на лицитација

Аукциската куќа Сотби, која е организатор на лицитацијата, соопшти дека се работи за порше 356C 1600 кабриолет, чија цена се проценува на повеќе од 400.000 долари.

Иако пеела „Боже купи ми мерцедес-бенц‟, Џоплин во 1968 година си купила еден друг германски луксузен болид - "порше". Сметајќи дека белата боја на автомобилот е премногу „здодевна‟, побарала од еден пријател преку целата каросерија да наслика живописна слика на која е прикажана со членовите на својот бенд, заедно со слики на пеперутки и медузи.

"Поршето "на Џоплин без сомнеж е едно од највпечатливите на сите времиња. Тоа е фантастичен автомобил кој ја надминува уметноста, поп културата и општествените движења, во секој поглед автомобил достоен на славната пејачка‟, велат во Сотби.

Џоплин постојано се возела во "поршето" кое обично било паркирано пред холивудскиот хотел во кој умрела во 1970 година, од предозираност со хероин.

Автомобилот по нејзината смрт припаднал на нејзиното семејство кое го позајмило на Куќата на славните на рокенролот во Кливленд, каде бил изложен од 1995 година, а сега се одлучиле да го стават на продажба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk