logo
logo
logo

Прво пееше „Во бело“, а сега е „Со црвено“: Соња Тарчуловска има нова песна

Vecer | 02.12.2022

Прво пееше „Во бело“, а сега е „Со црвено“: Соња Тарчуловска има нова песна

После подолга музичка пауза Соња Тарчуловска се враќа на сцената, и тоа благодарение на ќерка и Мелани, која и напиша нова песна.

Пејачката која јавноста ја памети по хитовите „Ден по ден“, „Во бело“, „Добре дојде“, „Предавници и јунаци“… се враќа со темата насловена „Со црвено“, која и музички и визуелно е сосема поразлична од она што Соња Тарчуловска досега го пеела.

Истата е авторско дело на нејзината наследничка, ќерката Мелани која патем заедно со Сара Пројковска се погрижи и за придружните вокали. „Со црвено“ е во модерен танцувачки ритам , со мелодиска линија која многу повеќе наликува на современите поп хитови отколку на класична фолк песна, како оние, по кои ја паметиме Тарчуловска.

Видеото е со потписот на „Томато продукција“, а како се звучи и изгледа, погледнете во продолжение:

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk