logo
logo
logo

Му забрани на мажот да оди во вселената, СЕГА СЕ КАЕ: Беше тоа СЕБИЧНО ОД МЕНЕ

Vecer | 01.08.2021

Му забрани на мажот да оди во вселената, СЕГА СЕ КАЕ: Беше тоа СЕБИЧНО ОД МЕНЕ

Познатата актерка Мила Кунис за американско списание призна дека било многу себично од нејзина страна да не му дозволи нејзиниот сопруг Ештон Качер да патува во вселената со цивилен лет.

Како што понатаму наведува за американскиот магазин „Пипл“, актерката и мајка на две деца била премногу вознемирена за патувањето во вселената, бидејќи се плашела дека може да се случи нешто трагично со таткото на нивните деца, Ештон Качер.

„Бев премногу под стрес и му реков: Не можеш да одиш, ќе умреш. Авионот ќе експлодира и ќе умреш, а потоа ќе ме оставиш со две деца“, раскажа актерката за нејзиниот напад на вознемиреност за списанието „Пипл“.

Откако донесле  заедничка одлука Ештон Качер да не патува во вселената, актерката подоцна призна дека, како што вели, се мрази себеси затоа што му го „одзела“ сонот на Ештон за патување во вселената.

„Фактот што не дозволив мојот сопруг да го оствари својот сон беше многу себично за мене, но јас сум млада мајка и многу се плашев за неговата безбедност“, заклучи Мила Кунис во интервју за списанието „Пипл“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk