logo
logo
logo

ПРВА ФОТОГРАФИЈА НА ПЕТАР ГРАШО СО ЌЕРКАТА: Малата Алба во прегратка на тато, а еве што прави Хана за тоа време

Vecer | 28.11.2022

ПРВА ФОТОГРАФИЈА НА ПЕТАР ГРАШО СО ЌЕРКАТА: Малата Алба во прегратка на тато, а еве што прави Хана за тоа време

Пејачот Петар Грашо на почетокот на оваа година и го кажа судбоносното “да“ на 15 години помладата Хана Хуљиќ, а двајцата пред четири месеци станаа родители на малото девојче Алба.

Како што и самиот истакна во едно интервју поради деловни обврски, Петар не успеал да и се посвети на својата ќерка колку што сакал, но сега на социјалните мрежи се појави првата фотографија од гордиот татко со наследничката.

Грашо цврсто ја држи ќеркичката во раце, додека на неговото лице се појавила насмевка, а новопечената мајка задоволно ја гледала оваа сцена.

– И пеам на Алба додека ја заспивам, засега ѝ се допаѓа мојот глас. Се надевам дека така ќе биде кога ќе порасне - изјавила еднаш пејачката.

- Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу обврски или можности да се изразам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен татко. Се надевам дека ќе постигнам напредок и по тоа прашање – додаде тогаш тој, пренесува “Свет“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk