Принцот Хари  и Меган Маркл ја започнаа својата тридневна посета на Њујорк и Светскиот трговски центар, што воедно е нивно прво официјално појавување во јавноста откако го напуштија кралското семејство и се преселија во Калифорнија во 2020 година.

Облечени во црно, тие изразија сочувство до жртвите кои загинаа во терористичкиот напад на кулите близначки на 11 септември 2001 година, и до нивните семејства и пријатели кои останаа без своите најблиски.

Меган носеше елегантни долги панталони, црна ролка и долг капут што го искомбинира со високи потпетици, додека Хари носеше црн костум со вратоврска.

Како и обично,  цело време се држеа за рака, а Хари им мавташе на фановите кои го викаа по име.

Поради нивната средба со градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, се беше полно со обезбедување и полицајци.

Тие исто така планираат да се сретнат со демократските пратеници, а во сабота ќе бидат на концерт на ГGlobal Citizen Live кој што ќе се емитува низ целиот свет.