logo
logo
logo

Пронајден мртов славниот рапер Кулио

Vecer | 29.09.2022

Пронајден мртов славниот рапер Кулио

Официјалната причина за смртта не е објавена, но се верува дека раперот, чие вистинско име беше Артис Лајон Ајви Џуниор, доживеал срцев удар.

Брзата помош не можела да му помогне бидејќи тој веќе не давал знаци на живот кога пристигнале болничарите. Полицијата излегла на местото на настанот, како што дознаваат медиумите, не констатирала ништо сомнително, но била отворена истрага.

Кулио стана светски познат по неговиот хит од 1995 година, „Gangsta's Paradise“, за кој доби Греми награда. Ова беше песна од филмот „Опасни умови“ со Мишел Фајфер во главната улога, базирана на хитот на Стиви Вондер од 1976 година „Pastime Paradise“.

Оваа песна достигна милијарда прегледи на YouTube .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk