logo
logo
logo

Промовирана „Живот на коцка“ на Џаро

Vecer | 31.05.2023

Промовирана „Живот на коцка“ на Џаро

„Живот на коцка“ е насловот автобиографската книга посветена на животот и работата на естрадниот менаџер Велибор Џаровски – Џаро. Автор на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровскa. Промотор на настанот беше Игор Џамбазов, кој меѓудругото рече: „Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро го знаат само по измами и местење натпревари. Ама, дечки, не е така. Тој има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Без разлика на сите приказни што ќе ги прочитате во книгата. Џаро ги донел најголемите балкански ѕвезди во Македонија кои и денес не забораваат да го споменат во своите интервјуа, сеедно дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“.

Од неговите скромни почетоци, во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров, каде што живее и денес, до неговото издигнување како успешен менаџер, книгата ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро.

„Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија“, вели авторката и додава дека кога ја пишувала книгата, ја напишала како да разговара со соговорник, а не со својот татко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk