logo
logo
logo

Принцот Вилијам на журка без Кејт, му се придружил омилениот пејач Џејмс Блант

Vecer | 26.11.2021

Принцот Вилијам на журка без Кејт, му се придружил омилениот пејач Џејмс Блант

Принцот Вилијам (39) во средата се одмори од кралските обврски и уживаше во ноќно излегување. Меѓутоа, не му се придружила сопругата Кејт (39) на божиќната забава во приватниот клуб на Освалд во Лондон.

Војводата од Кембриџ ретко излегува навечер, а овој пат фотографите го фотографираа во автомобил додека во добро расположение се враќаше од забава во палатата Кенсингтон.

На вечерата се дружеше со пејачот Џејмс Блант (47) и неговата сопруга Софија и со актерката Холи Валанс (38) и нејзиниот сопруг, милијардерот Ник Кенди, пишува магазинот Hello.

Пејачот Џејмс е миленик на британското кралско семејство. Минатата недела, неговата сопруга Софија приреди гала вечера на која присуствуваа и принцезата Беатрис и принцезата Евгенија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk