Принцот Хари ја шокирал јавноста со изјава за кралицата Елизабета: Сите сме во паника кога ќе ја сретнеме

Да се биде монах е привилегија која ретко се раѓа, но таа функција знае понекогаш да делува застрашувачки на околината, па дури и на најблиските членови на семејството. Принцот Хари неодамна признал како и ден денес паничи кога во ходниците на Палатата је здогледа својата баба, кралицата Елизабета.

Во документарецот 'Queen of the World', кој наскоро ќе се појави на ИТВ, внукот на кралицата Елизабета, принцот Хари разговарал со посетители од Карибите кои се во посета Бакингемската палата и искористил прилика да се пошегува со нив.

"Вие сте во Бакингемската палата поминавте многу повеќе време од мене, а овде сте само две недели', рекол 34 годишниот принц. 'Дали наидовте на кралицата? Ако случајно налетете на неа во разминување, немојте да паничите. Знам дека ќе паничите. Сите ние паничиме', додал во шега, а колку е вистина ќе дознаеме.

Хари и останатите членови на кралското семејство ќе учествуваат во снимање на документарецот за кралицата Елизабета и Комонвелтот, а јавноста највероватно ќе сакаат да ги видат принцот и новопечената сопруга и војвотката од Сасакс, Меган Меркл, која исто така ќе биде дел од филмот.

Иако ИТВ се уште не ги потврдитле деталите за улогата на Меган во филмот, Крис Шип од ИТВ открива дека војвотката од Сасек во документарецот ќе зборува за сојата венчаница и својата интеракција со Комонвелтот. Свадбениот вел на Меган Комонвелтот го прослави така што на него било извезено цвеќе на секоја од 53 земји членки.

Документарецот ќе се емитува непосредно пред Хари и Меган заминат во официлална посета на Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и Тонго.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари