logo
logo
logo

"Пријателите" лапнаа по 5 милиони долар од нивната повторна средба

Vecer | 01.06.2021

"Пријателите" лапнаа по 5 милиони долар од нивната повторна средба

Долгоочекуваната повторна средба на шесте ѕвезди на „Пријатели“ се емитуваше во четвртокот, 17 години по завршувањето на култната серија, а оригиналните членови на актерската екипа – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери заработија по пет милиони долари од специјалот, пренесува „Форбс“.

Новата епизода прикажува средба меѓу актерите и режисерите, проследено со интервјуа, посета на оригиналниот сет каде што е снимена серијата, реконструкција и читање на нивните дијалози од познатите сцени, како и квиз-натпревар меѓу главните актери.

Средбата ја претвори фикцијата на „Пријатели“ во еден вид реално шоу, кое ја потврди нивната „сеприсутност“ кај обожавателите. За крај, имаше модна ревија, додека Лиза Кудроу и Лејди Гага го изведоа популарниот хит „Smelly Cat“, а во текот на целата средба имаше и многу солзи.

Еден од највпечатливите сегменти на средбата беа обожавателите од целиот свет, кои објаснија како „Пријатели“ им помогнале дури и во најтешките мигови во нивните животи, и дека серијата овозможила создавање на голем број нераскинливи пријателства.

Кога серијата се емитуваше на „Ен-би-си“ од 1994 до 2004 година, „Пријатели“ привлекуваа околу 25 милиони гледачи. Но, заработката дошла нешто подоцна. Продукциската компанија „Варнер Брос“, од првите четири сезони всушност била во загуба. Подоцна, кога „Ен-би-си“ ја презела серијата под закрила и одлучила да плаќа за продукцијата на шоуто.

Секој член на актерската екипа започнал со хонорар од 29 илјади долари по епизода кога серијата почнала да се емитува во 1994 година, а во седмата и осмата сезона нивниот хонорар достигнал еден милион долари по епизода. Тие станале најплатените телевизиски актери во тоа време бидејќи заработувале над еден милион долари по епизода во последните две сезони од серијата.

Популарната серија резултирала со вкупна заработка од речиси 1,4 милијарди долари откако почнала да се прикажува во 1994 година, според проценките на „Форбс“. Магазинот наведува дека секоја од шесте ѕвезди на „Пријатели“ добила по отприлика 136 милиони долари. А креаторите на серијата Дејвид Крејн и Марта Кофман, како и копродуцентот Кевин Брајт поделиле барем 550 милиони долари.

Актерите профитираат од серијата и по нејзиното завршување. Секој од нив добива 19-20 милиони долари годишно од репризи или прикажувања на стриминг-платформи и телевизии. А филмската компанија „Ворнер Брос“ заработува милијарда долари годишно од „Пријатели“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk