logo
logo
logo

ПРЕТАЖНО: Почина Аки Рахимовски

Vecer | 22.01.2022

ПРЕТАЖНО: Почина Аки Рахимовски

ејачот Ахи Рахимовски почина денес, објавија хрватските медиуми. Тажната вест е потврдена на официјалната Фејсбук-страница на групата „Парни ваљак“

„За малку нежност ќе се согласам на се, за малку нежност за да можам заспијам.“ Драги пријатели, со огромна тага во срцето ви јавуваме дека денес, 22.1. 2022 засекогаш заспа Аки Рахимовски“, пишува во објавата.

 

 

 

Неговиот менаџер изјавил дека на Аки му се слошило денеска.

- Утрово му се слоши, заврши во болницата во Ново Место. Пред еден час ми рекоа дека починал, се уште не ја знаеме причината за смртта, рекол Осредечки.

Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Бидејќи неговиот татко бил професор по музика, на седумгодишна возраст започнал музичко училиште, клавир и отсек за пеење.

Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум, Крвни брадерс и Тор, со кои настапувал на фестивалот во Загреб во 1975 година. Истата година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хуса и Јурица Паѓен. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха ја основаа првата постава на Парни ваљак.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk