Буквално, имав нагон за повраќање, а понекогаш тоа и се случуваше“ – открива Вил Смит во своите мемоари во кои отворено зборува за својот сексуален живот.

Посебен дел од мемоарите се посветени на неговата прва девојка Мелани, која му го скршила срцето. Таа била проблематично дете. Нејзината мајка била во затвор бидејќи го убила таткото на Мелани, па девојката живеела со нејзината тетка додека и таа не ја исфрлила на улица. Вил Смит некако ги убедил неговите родители да ја прифатат, а потоа станал опседнат со неа и сакал да ѝ угоди на секој можен начин. Но, додека бил на турнеја како шеснаесетгодишно момче, таа го изневерила и тоа сосема го разнишало. Тогаш се обидувал своето скршено срце да го излечи со интензивен секс со бројни партнерки.

Тој вели дека станал „хиена на гетото“ и дека до тој степен претерувал што неговото тело почнало бурно да реагира секој пат кога доживувал оргазам.

Вил Смит (53) во книгата детално го опишува и својот сексуален живот со сопругата Џејда Пинкет Смит, сеќавајќи се дека бил решен да ја задоволи по секоја цена на почетокот на нивниот брак. Тие се заедно од 1997 година, имаат две деца и целиот свет е запознаен со нивната турбулентна врска.

Понатаму наведува детали од врската која во 2011 г. на извесен период ја прекинале поради расправија што се случила по „егоманијачната забава“ што Вил Смит ја организирал за нејзиниот роденден. Во обид да се опорави од тоа, Вил Смит отишол да учи тантрички секс во Тринидад, а во Перу учествувал во неколку сексуални ритуали. Потоа посетувал и сексуален терапевт. Се обидувал да открие зошто упорно се гледа со многу жени, меѓу кои и Хали Бери, а некои ја спомнуваат и Амебр Херд.

Тој и во книгата потврдува дека со Џејда имаат отворен брак, а тоа јавно го признаа во нивното шоу на Фејсбук „Red Table Talk“.