В СРЕДА

Предавање за хип хоп во Битола

Во среда, со почеток од 19 часот, во битолскиот кафе-бар Интермецо, екипата на Хип Хоп Македонија ќе одржи предавање кое ќе биде насочено кон проучување на хип хоп културата од поинаква гледна точка. Предавањето ќе биде интерактивно, со можност посетителите да се вклучат во дискусијата, и е дел од манифестацијата Битола - Отворен Град. Сето ова е направено да им се даде шанса на обожавателите на хип хоп културата да ги искажат своите ставови и да бидат слушнати од пошироката јавност.
Предавачи се Александар Ковилоски - Алек, Славчо Ковилоски - Профо, со поддршка од ДЈ Г-Кидд. Браќата Ковилоски се познати како автори на првите балкански хип хоп книги, и по многубројните активности на македонската хип хоп сцена, меѓу кои спаѓаат телевизиското шоу Хип Хоп Магазин, предавањата, настапите во клубовите како членови на хип хоп групата Клан Исток, а го поседуваат и македонскиот интернет портал њњњ.хипхопмацедониа.цом. Следниот месец следува и предавање во Струга, како дел од проектот насловен Met on the streets.

(А. Ѓ.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари