logo
logo
logo

Познатиот пејач живеел под кирија, па направил хит: НОСЕВ ПАРИ во вреќа

Vecer | 24.11.2022

Познатиот пејач живеел под кирија, па направил хит: НОСЕВ ПАРИ во вреќа

Пејачот Даниел Поповиќ (67), кој во 1983 година ја претставуваше Југославија на Евровизија со хитот „Џули“, се пријавил за Дора, хрватското натпреварување во кое се избира нивниот претставник.

Како што кажал претходно, дел од парите ги потрошил за решавање на станбеното прашање бидејќи дотогаш бил потстанар. По разводот со Сања Бједов, како што рече, дел од парите им ги оставил нејзе и на нивните деца Себастијан и Изабела.

- Дел од парите им поделив на колегите и пријателите. Сите имаа по малку среќа. Не сум мегаломан кога се во прашање парите. Не правам музика за пари, туку за музика. Направив прекрасен албум кој ќе се снима следната година. Имам неколку врвни песни. Ништо не е петпарачко, на се сериозно пристапив, истакнал тој.

- Живеам добро. Јас сум многу скромен. Мојот живот се врти околу музиката. Секој ден сум во студио речиси 95 проценти од времето. Во 1990-тите немаше кому не му пишував песни, од Северина до Јасна Злокиќ до Здравко Шкендер. Истото и во Словенија. Направив дваесетина ЦД-а за други уметници. Работам многу и сè уште работам. Тоа е мојата база, пишувам песни, таму сум доста силен. Не се повлеков, но времето е најдобар показател за вистината, заклучил Поповиќ за 24сата.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk