И ЖИВОТНИТЕ СИ ИМААТ СВОЈ ДЕН

Познати фаци кои се луди по своите домашни миленици!

Вчера беше одбележан светскиот ден на животните, па по тој повод направивме листа на познати домашни, но и холивудски ѕвезди кои имаат домашни миленичиња.

Вчера беше одбележан светскиот ден на животните, па по тој повод направивме листа на познати домашни, но и холивудски ѕвезди кои имаат домашни миленичиња. Е сега, за разлика од ѕвездите кај нас, оние во странство наместо мачки, кучиња и папагали по дома чуваат животни кои баш и не спаѓаат во групата на домашни миленици, но она што им е заедничко на сите е фактот дека се луди по животните и се во состојба да направат се за нив.

Па така, Џорџ Клуни, на пример, има прасе кое се вика Макс, фронтменот на Аеросмит Стивен Тајлер во својот дом чува ракун, легендарниот Елвис Присли, пак, имал кенгур, боксерот Мајк Тајсон има тигар кој дури и "глумеше" во филмот "Мамурлак", миленикот на тинејџерската публика, пејачот Џастин Бибер има мајмун по име Молија, актерката Кристен Стјуард го делела секојдневието со волк, Риси Витерспун чувала магаре, поп иконата Мајкл Џексон шимпанзо по име Баблс...

На списокот љубители на животни кај нас се Панчо кој до пред раѓањето на вториот син имаше куче од расата мопс по име Пако, но беше принуден да го подари.

Неговиот колега Роберт Билбилов во својот дом со син му Давид секојдневно уживаат во друштво на Максимус, куче од расата пинч.

Исто такво милениче има и пејачот Димитар Андоновски. Малата Срна неодамна на свет донела три кученца, па сега во домот на битолчанецот е прилично весело. А да, Диме има и папагал, кој му се вика Мики.

Љубителка на животни е и актерката Весна Петрушевска, својот дом го дели со неколку кученца, додека Биба Додева обожава коњи и своевремено дури и чувала и била џокеј.

На листата со познати дами домашни миленици се и Елена Ристеска и Зои Блаж.

Елена веќе извесен период другарува со Вале и Чаче кои се француски пудлици, а Зои неодамна и го прослави вториот роденден на нејзината миленичка Лара со која секојдневно се фотка.

Куче има и ракометарот Столе Стоилов, а неговиот "best friend" се вика Гац и тој му е најверен пријател за маалските прошетки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари