logo
logo
logo

Познатата водителка Дебора откри дека ракот и се вратил: Лековите не дејствуваат, а јас се плашам за моите деца!

Vecer | 24.06.2021

Познатата водителка Дебора откри дека ракот и се вратил: Лековите не дејствуваат, а јас се плашам за моите деца!

Водителката на подкасти на „Би-Би-Си“ Дебора Џејмс боледува од рак на дебелото црево. Неодамна, јавноста беше информирана дека тестовите кои ги правела во една лондонска болница биле загрижувачки.

„Вистина е дека мојот карцином никогаш не исчезна. Тој заспа за кратко, но сега повторно се врати и овојпат лековите не делуваат“, напиша таа во својата колумна за „The Sun“.

Новите рендгенски снимки откриле нова, брзорастечка форма на тумор во близина на нејзиниот црн дроб кој не реагира на експерименталните лекови кои започнала да ги зема минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

39-годишната Дебора вели дека нејзиниот онколог сака таа да се врати на хемотерапија. Водителката посочи дека луѓето со рак на дебелото црево живеат по максимум две и пол години по дијагностицирањето, а таа се бори со болеста од 2016 година.

„Иако се подразбира дека се чувствувам како да сум го допрела дното, сепак се надевам“, рече Дебора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

„Сè уште се плашам, сè уште го претпоставувам секое можно сценарио. Сè уште мразам анестезија и се плашам дека нема да се разбудам. Загрижена сум дека нешто ќе тргне наопаку. Се плашам дека ќе полудам среде ноќ, ќе станам нервозна што морам да спијам сама во болница. Се прашувам и што ако умрам за време на операција“, вели новинарката.

Дебора и нејзиниот сопруг Себастијан Боуен имаат две деца – синот Уго и ќерката Елоиз. Таа вели дека се плаши дека нема да го доживее нивното полнолетство.

„Навистина ми е тешко да ги гледам моите деца. Имам 13-годишно и 11-годишно дете и се прашувам дали ќе доживеам да ги видам кога ќе наполнат 18 години. Веројатно нема. Сè што сакам е да имам иднина и сонувам за тоа. Сакам да го доживеам својот 40-ти роденден, да направам голема забава“, заклучи водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk