logo
logo
logo

Познатата Џебна Венера повторно освојува!

Vecer | 11.06.2024

Познатата Џебна Венера повторно освојува!

Таа го прослави својот 56-ти роденден, како и 4 години од постоењето на брендот Кајли Миног Вајнс (Kуlie Minogue Vines).

Поп принцезата Кајли Миног (56) ги воодушеви своите фанови со серија нови, прекрасни фотографии од плажа, кои ги сподели во текот на изминатиот викенд на својот Инстаграм профил. Пејачката решила да посети некои од извонредните плажи во Грција, и во таа прилика ја посетила и Атина.

Дури и во втората половина од својата шеста деценија, Кајли изгледа неверојатно, како кога беше на врвот на својата слава. Според фотографиите, се чини дека била на некоја ексклузивна вечера, бидејќи носи црн седефест фустан достоен за црвениот тепих.

Нејзините обожаватели и пријатели преку коментар го поделиле своето воодушевување.

- Изгледаш божествено, како и секогаш!

-Ми се допаѓа ова!

- Го живее својот најдобар живот!

- Кајли во Грција, рај!

- Афродита сè уште е жива!

Патувањето на Кајли во Атина се чини дека е продолжение на гламурозната забава во Лондон што ја приреди австралиската пејачка по повод обележувањето на својот 56-ти роденден на 28-ми мај и четвртата годишнина од постоењето на брендот „Kylie Minogue Wines“.

 - Толку сум благодарна за сите убави пораки што пристигнаа и кои ме прават многу среќна. Ви благодарам многу, ценам сè! Ја испраќам сета моја љубов и среќен ми роденден – им се заблагодари таа на своите три милиони фанови на Инстаграм.

По повод свечената пригода, Кајли носи живописен розов фустан од брендот Ердем, прошаран со големи детали од роза. Креацијата ја следи линијата на телото, додека на струкот има огромна машна, па самата Џебна Венера изгледа како подарок додека наздравува со своето вино.

Пејачката својот бренд за вино го лансираше во 2020 година со помош на лондонскиот дистрибутер „Benchmark Drinks“ и од тогаш брендот има освоено бројни престижни награди. Елегантната мешавина Кајли Миног Роуз, направена од грозје карињан и каберне совињон од јужниот француски брег, е особено популарна.

Во 2022 година, Кајли го прослави лансирањето на новото безалкохолно вино пенливо розе вино. Според податоците на компанијата НИКК, ова вино на Миног ѝ донело повеќе од 35 милиони евра во продажбата на вино, а во изминатата година е забележан раст на продажбата од 20 отсто, пишува „Yahoo“.

Извор: srecna.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk