logo
logo
logo

Позната актерка сместена во психијатриска болница: Шетала гола по улица

Vecer | 21.03.2023

Позната актерка сместена во психијатриска болница: Шетала гола по улица

Актерката Аманда Бајнс како што пренесуваат медиумите во САД, била задржана на психијатриско одделение  во една болница во Лос Анџелес.

Имено, актерката е фатена како целосно гола шета по улиците на Лос Анџелес.

Во еден момент таа наводно поздравила возачот и му рекла дека „има психотична епизода“, а потоа самата повикала полиција, пренесува TMZ.

Полицијата брзо пристигнала и актерката била однесена во станица. Експертите за ментално здравје и наредиле на актерката да остане во психијатриска болница, што обично трае до 72 часа, но може да се продолжи доколку е потребно.

Аманда Бајнс поради лоша здравствена состојба викеднов морала да пропушти еден значаен настан.

Аманда се прослави со улогата во филмот „Таа е маж“ и шоуто „Шоуто на Аманда“. Меѓутоа, подоцна било откриено дека таа боледува од биполарно растројство, а потоа старателството над неа било оставено на други осум години. Старателството беше прекинато пред неполна година, а актерката цело време имаше голема поддршка од родителите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk