Минатата година сосема случајно се дозна дека Харди се занимава со оваа боречка вештина, кога на социјалните мрежи се појавија негови слики од турнир на кој што тој победил.

Харди сега е снимен на турнир во џиу-џицу во Италија кој се одржа изминатиов викенд. Обожавателите во публиката можеа накратко да ги доловат неговите потези кои изгледаат многу импресивно.

Харди беше снимен како прави многу ефикасно наведнување, го фрла противникот и го носи на тартанот, каде што го совладува и освојува поени.

Харди на крајот на минатата година освои златен медал на турнир во Англија, па дури и се обиде да го сокрие своето присуство со малку маскирана појава, како и да се регистрира под вистинското име Едвард Харди, но не успеа.