Џенифер и Дејвид, кои беа пар во серијата „Пријатели“, признаа дека за време на снимањето на првата сезона, негувале многу силни емоции и дека и двајцата беа многу вљубени еден во друг. Судејќи според пишувањата на странските медиуми, тие сега конечно почнале да се забавуваат.
Странските медиуми пренесуваат дека Џенифер Анистон и Дејвид Швимер, познатите Рос и Рејчел актерите од серијата „Пријатели“ се забавуваат и дека фановите се многу среќни поради оваа вест.
Тие отворено ги искажаа своите чувства еден кон друг за време на обединувањето на „Пријатели“, а на крајот на мај беше прикажана специјална епизода.
Рејчел Грин и Рос Гелер, ликовите што ги толкуваа актерите, ги искажале своите симпатии и надвор од малите екрани: „По обединувањето, јасно е дека минатото разбуди емоции и дека хемијата меѓу нив е таму“, рекол извор за медиумтие.
Наводно „почнале да си праќаат пораки“ и дека „Дејвид се појавил во Лос Анџелес минатиот месец да ја види Џенифер“. Медиумите наведуваат дека тие „поминале време во куќата на Анистон, каде уживале заедно“.
Сепак, за „Фокс њуз“, тимот за односи со јавноста на актерите ги негираше овие тврдења
View this post on Instagram
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата